Македонската одбојкарска репрезентација ја обезбеди првата победа во новото издание на Европската лига и тоа на турнирот што се одржа во нашата земја. Популарните „спартанци“ се изборија за славје над Луксембург во салата „Парк“ во Струмица. Имавме проблеми во првиот сет, не успеавме да се наметнеме како што посакувавме и противникот тоа го искористи и со 25:23 дојде до водство од 1-0. Ова беше знак за избраниците на Јошко Миленкоски да се ...

Првата македонска судијка со значката на ЦЕВ, Елеонора Петровска, во првиот викенд од Европската лига 2026 ја доби и првата номинација како меѓународен судија на натпревари од овој ранг. Петровска беше дел од судискиот колегиум кој делеше правда на натпреварите од турнирот број три во Струмица, на кој ОФМ и машката сениорска репрезентација на Македонија беа домаќини. Таа беше во друштво на искусните арбитри – Александрос Милонакис (Грција), ...