Екипата на Каменица Саса се сели во Трета лига – Исток, откако загуби во бараж мечот од Еуромилк ГЛ со 1:2, со што „лисиците“ од Горно Лисиче по долги години се враќаат во Втора лига. Натпреварот во првиот дел понуди чисти мрежи (0:0), па сите работи се решаваа во вториот дел од средбата која се играше во Кратово. Резултатот го отвори Димитар Стојановски во 47. минута од средбата за водство на „лисиците“ од 0:1. Потоа „рударите“ останаа со ...

Попладнево се одиграа три од четирите бараж-натпревари за опстанок/пласман во Втората македонска фудбалска лига. Фудбалерите на Кожуф ја оправдаа фаворитската улога и следната сезона ќе играат во второлигашката конкуренција, откако со убедливи 4-0 славеа над шампионот на Третата лига – Југ, велешки Борец. Изненадување направи победникот на Третата лига – Север, Еуромилк од Горно Лисиче, откако со 2-1 славеше над второлигашот Каменица Саса на ...

Шампионот на Трета лига – Север, Еуромилк ГЛ, успеа да се врати во Втората македонска фудбалска лига, откако во бараж-натпреварот во Кратово славеше со 2:1 против второлигашот Каменица Саса. Популарните „лисици“ од Горно Лисиче, кои во минатото настапуваа и во Првата македонска фудбалска лига, од следната сезона повторно ќе бидат дел од второлигашката конкуренција. Еден од хероите на големиот успех е искусниот голгетер Орхан Мифтар, кој во ...

Македонска Каменица остана без второлигашки фудбал, откако фудбалскиот клуб Каменица Саса испадна во Трета лига – Исток, па од следната сезона во рударското гратче ќе се гледа третолигашки фудбал. Каменица Саса која беше стабилен второлигаш, сезонава не успеа да се избори за директен оптанок откако заврши на 11. место со 36 освоени бодови, а учинокот на тимот беше девет победи, девет ремија и 12 порази, а тоа беше доволно за да се игра бараж ...