Интер Мајами го одигра претпоследниот пријателски меч на турнејата во Јужна Америка. Меси и другарите гостуваа во Еквадор и одиграа пријателски меч против екипата со славно име – Барселона, но не онаа од Каталонија, туку од Гвајакил. Натпреварот заврши нерешено, 2-2, иако Интер Мајами беше поблиску до победата, но Еквадорците во самиот финиш успеаја да се спасат од пораз. Лионел Меси беше стрелец на првиот гол, додека за вториот асистираше. ...

Лионел Меси и соиграчите од Интер Мајами се подготвуваат за новата натпреварувачка сезона во МЛС лигата, а во период кога имаат тест натпревари, турнејата ја продолжија во Јужна Америка. Рано утрово, Меси имаше можност да игра против Барселона од Еквадор и успеа да постигна мајсторски гол за водство од 1:0, потези со кои потсети на своите препознатливи слаломи токму од периодот на „Камп Ноу“. Инаку, Барселона СЦ е фудбалски великан од Еквадор ...