Екипата на Кожув ја прекина серијата на порази и се врати во колосек со гостинска победа кај Гостивар (73-57) во рамки на четиринаесеттото коло во машката кошаркарска Суперлига. Тимот од Гевгелија одигра доминантен дуел против една од екипите од долниот дел на табелата и заслужено го освои целосниот плен. Сите периоди на мечот му припаднаа на колективот предводен од тренерот Љупчо Малинков. Зетов со 16 поени беше најдобар кај победникот, ...

Кошаркарите на КК Гостивар вечерва на домашен терен го пречекуваат КК Кожув во натпревар кој се оценува како еден од клучните во борбата за опстанок во Првата кошаркарска лига на Македонија. По 13 одиграни кола, гостиварци се наоѓаат на 11. позиција на табелата со учинок од 3 победи и 10 порази (16 бода), при што заостануваат две победи зад т.н. сигурна зона. Викендов КК Гостивар запиша убедлива победа над екипата на КК Ангели, но и покрај ...