По повод 18 Април, Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети, денеска во Гостивар се одржа настан посветен на богатото културно-историско наследство на гостиварскиот регион. Настанот по петти пат го организираше Конзерваторскиот центар од Гостивар, кој преку изложба на фотографии ја доближи својата долгогодишна работа до јавноста. Во автентичниот амбиент пред Беговата куќа, еден од најпрепознатливите симболи на градот и објект ...
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска оствари работна посета на Преспанскиот Регион, при што изврши увид во реализацијата на значајни капитални проекти во областа на културното наследство. Посетата започна во селото Љубојно, каде што е во напредна фаза проектот за реконструкција и адаптација на старото училиште во мултимедијален центар за промоција на македонскиот јазик, инвестиција вредна 20 милиони денари, обезбедени од ...

