Кошаркарскиот клуб Работнички ги живее можеби најтешките денови од неговото постоење. Клубот кој некогаш беше гордост на градот, сега е на дното. Оддамна во „Градски парк“ не се зборува за амбиции да се освои некој пехар, а сега играчите и членовите на стручниот штаб јавно преку официјалната фејсбук страница на клубот посочуваат колку е алармантна ситуацијата во некогашниот кошаркарски великан. Соопштението ви го пренесуваме во целост: ...
Ситуацијата во редовите на Работнички ни малку не е подобрена. Најтрофејниот кошаркарски колектив и натаму се „дави“ во проблемите кои од година во година се зголемуваат. Клубот кој е заштитен знак на кошарката во Македонија е без пари, без опрема, без основни средства за функционирање. Кошаркарите немаат земено осум плати, а никој од раководството, ниту пак градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски во овој момент не се грижи ...

