Мајкл Олисе направи најголема разлика на двата натпревари кои ги играа Баерн Минхен и Реал Мадрид, а ако на првиот меч остана покус за МВП признанието поради изданието на Мануел Нојер, вчера немаше дилеми дека специјалната топка од УЕФА ќе заврши во негови раце. Францускиот репрезентативец одново беше нерешлива енигма за дефанзивците на Реал Мадрид и најголемата опасност пристигнуваше од десната страна, па во финишот стави „јаготка на шлагот“ ...
Во Шпанија продолжуваат да се појавуваат спротивставени информации во врска со иднината на главниот тренер на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа. Според „ТВЕ“, стручњакот ќе ја задржи својата позиција и во следната сезона, без оглед на испаѓањето во четвртфиналето од Лигата на шампионите и заостанувањето од девет бода зад лидерот во Ла Лига, Барселона. Раководството на Кралскиот клуб, барем засега, го поддржува младиот тренер и планира не само да го ...

