Прилепскиот фудбалски клуб Победа се наоѓа во тешка неизвесност и не е сигурно дали ќе продолжи со настапите во втората фудбалска лига што предизвика силни реакции во јавноста. Долгогодишниот симпатизер на клубот, Кире Иваноски – Балче, преку социјалните мрежи најави дека, доколку клубот не продолжи со натпреварување, ќе се самозапали на центарот на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Во својата порака тој наведе дека по излегувањето ...

И покрај тоа што Победа на стартот од пролетната полусезона на свој терен во Прилеп беше поразена од Новаци со 0:5, најважно беше што клубот продолжи да се натпреварува, дека не зсгасна. А според сите настани во минатите денови, за такво нешто постоеше голема опасност. Инаку како што пренесува прилепскиот спортал “Шампион.мк“, покрај 15 фудбалери кои се појавиле на средбата со Новаци, пререгистрини биле уште седуммина за мечот в сабота ...

Фудбалскиот клуб Победа успеа да изнајде решение во последен момент и продолжи со функционирање и настапи во Втората македонска фудбалска лига. За натпреварот против Новаци пријавени за настап беа 15 играчи, а тоа беше доволно за да не се загуби службено и да се избегне „црно“ сценарио. На помош на Победа ѝ се најде Општинскиот фудбалски сојуз на Прилеп. Токму од ОФС Прилеп со соопштение ја објаснија ситуацијата за прилепската гордост. Добра ...