Постои ли, делува ли Српската православна црква во Македонија, иста онаква каква што делува во Србија, во Босна и Херцеговина, во услови кога единствената православна црква е Македонската православна црква-Охридска архиепископија? Ваква дилема се наметнува по реакцијата на македонските владици на неодамнешната изјава на српскиот претседател, Александар Вучиќ, дека Српската црква постои и во Македонија, пишува дневниот весник „Вечер“. ...
Анализа на БГНЕС Зборовите на српскиот претседател дека Српската црква е една иста во Пирот, Сиднеј и Скопје открија како Белград навистина го разбира документот што ѝ беше врачен на Македонската православна црква во 2022 година. На 4 август во Мркоњиќ Град Александар Вучиќ изјави дека „Српската црква е една иста“ во Пирот, Сиднеј, Скопје, Франкфурт и Мелбурн. Тој не само што го бранеше организациското единство на Српската православна црква, ...

