Партиските структури на Демократското движење, партијата на поранешниот вицепремиер и актуелен градоначалник на Чаир, вечерва едногласно одлучиле да му дадат овластување на Изет Меџити да продолжи да го води процесот на трансформација на партијата и нејзиното претопување во новата партија „Вреди“. Од партијата додаваат оти се уверени дека продолжуваат да создаваат „историска можност за „Вреди“ да продолжи да окрупнува и да ја зацврсти ...
По две недели, малку ќе биде или воопшто нема да биде важно кој од каде дошол бидејќи сите ние ќе бидеме „Вреди“ – изјави градоначалникот на Чаир и лидер на Демократското движење, Изет Меџити. Одговарајќи на новинарски прашања по увидот на поставување камен-темелник на базен во ОУ „7 март“, Меџити во однос на Алијансата за Албанците вели дека тоа е внатрешно прашање на Алијансата посочувајќи дека и двете крила на Алијансата донесоа иста ...
„Вреди“ ќе биде формирана како партија за две до три недели, тврди Изет Меџити, еден од лидерите во албанската владина коалиција. Процесот на интегрирање на Демократско движење, Беса, Алтернатива и крилата на Алијанса ќе биде завршен наскоро, и покрај проблемите меѓу Азир Алиу и Арбен Фетаи, кој е легитимен претставник на Алијанса, како и несогласувањата околу тоа кој ќе претседава со новата партија. Иако тврди дека нема избрано модел по кој ...

