Охрид, 6. јануари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Денеска е Бадник, ден наспроти еден од најголемите христијански празници Божик. Денот наспроти Христовото раѓање се празнува со низа обичаи. Со традиционална Бадникова посна трпеза, со желби за многу здравје, среќа и бериќет во престојната година православните христијани ќе ги дочекаат Божикните празници, претежно во кругот на најблиските. Според верувањата и обичаите, на богатата Бадникова посна трпеза ќе ...

Православните христијански верници во земјава денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик. Одбележувањето на Бадник во Скопје ќе почне пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во организација на Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник“. Според најавите од организаторите, како и минатата година, делењето бадникови гранчиња ќе се одвива во дворот на Храмот од страната на ...