Кошаркарската селекција на Македонија ја забележа можеби најважната победа во групата А од претквалификациите за следното Европско првенство. Кошаркарите по цели дваесет години се вратија во салата „Градски Парк“ и над директниот конкурент за првото место Луксембуг славеа со 79-70 и останаа перфектни по три одиграни кола. На дебито на новиот селектор Жозеп Мариа Берокал нашите репрезентативци се покажаа во одлично светло, водеа уште од самиот ...
Еден од најдобрите македонски кошаркари, Андреј Јакимовски, имаше одлично издание против Луксембург, против кого извојувавме уште една убедлива победа во претквалификациите за следното ЕП. Сега пред нашите кошаркари е дуел во Баку против Азербејџан, каде што ја имаме улогата на фаворит. „Игравме со нив дома, знаеме какви играчи има, каква репрезентација е. Се надевам дека ќе одиграме добар натпревар. Јасно ни е на сите дека имавме краток ...
Репрезентативниот камп веќе е сместен во Баку и кошаркарите се подготвуваат за предизвикот. Пред мечот своите очекувања ги сподели Андреј Јакимовски. „Игравме со нив дома, знаеме какви играчи има, каква репрезентација е. Се надевам дека ќе одиграме добар натпревар. Јасно ни е на сите дека имавме краток временски период за подготовка, но сепак мислам дека можеме да одиграме добро и да се вратиме со победа. Против Луксембург во нападот имавме ...

