Интернационалнот мајстор Емил Ристески, член на ШК Алкалоид, е победник на „Медио Петрол“ турнирот во забрзан шах во Прилеп, каде што во 9 кола освои 7,5 бода. Второто место му припадна на Дејан Ѓорѓиоски кој со победите во последните две кола направи изненадување, но сепак имаше послаб „тај-брејк“ од победникот Ристески. Единствениот пораз на ИМ Емил Ристески во текот на турнирот му беше од тимскиот колега ИМ Тони Лазов, кој во конечниот ...

Еурофарм Пелистер 2 продолжува со оформувањето на ростерот за новата сезона, а во редовите на младата битолска екипа се врати десниот бек Лука Георгиевски. Георгиевски повторно ќе го носи „зелено-белиот“ дрес и ќе претставува дополнителна опција на десната бековска позиција во пресрет на официјалните предизвици. Битолчани синоќа имаа силна проверка против првиот тим на Еурофарм Пелистер и загубија во „братското дерби“ во спортската сала „Боро ...

Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски” во Прилеп започна со вистинска ракометна драма. Во сала „Ристе Ристески - Ричко”, екипите на Бутел и Тиквеш одиграа исклучително израмнет натпревар, во кој на крајот со насмевка остана Тиквеш (23-22). Бутел влезе подобро во натпреварот и на полувреме имаше предност од четири гола (15-11), но во вториот дел Тиквеш покажа карактер и постепено ја стопи разликата. Клучен фактор за пресвртот беше одличната игра ...