Вечерва македонската фудбалска сцена ќе добие нов освојувач на Купот на Македонија, а финалниот натпревар меѓу Силекс и Шкендија носи и интересна тренерска пресметка меѓу двајца докажани стратези – Александар Васоски и Јетон Беќири. Кога се игра финале, фаворити речиси и да нема. Станува збор за еден натпревар во кој одлучуваат моментите, инспирацијата, тактиката и психолошката подготвеност. Токму затоа, голема улога ќе имаат и двајцата ...

Откако Силекс го освои Купот на Македонија, сега веќе и дефинитивно се знае дека кратовци и Шкендија ќе играат во 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Струга ТЛ чекаше “подарок“ од Шкендија, ама не го доби, па така и втора сезона по ред стружани останаа без Европа. Шкендија со оглед на коефициентот (10.875) ќе биде носител на ждрепката, додека Силекс (2.000) ќе биде во групата на неносители. Токму затоа тетовци ќе добијат ...