Владата е на вистинскиот пат и постапува правилно во евроинтегративниот процес, испраќајќи јасни сигнали до Европската Унија дека ги исполнуваме обврските кои ни припаѓаат. Ова го изјави Орхан Муртезани, советник на премиерот за Реформската агенда, неколку часа пред средбата со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Муртезани рече дека на средбата со Кошта ќе се разговара за Планот за раст, Реформската агенда и придонесот што ...
„Посетата претставува значајна можност за размена на мислења за европската перспектива на државата, реформската агенда и понатамошните чекори во евроинтегративниот процес. Очекуваме отворена и содржајна дискусија за надминување на предизвиците и забрзување на европскиот пат на државата“, напиша Муцунски на својот фејсбук-профил. Следува средбата на Кошта со македонскиот премиер Христијан Мицкоски, по што ќе следува и заедничка конференција ...

