Разничните критериуми кои се практикуваат во националните првенства и во Лигата на шампионите ги доведуваат фудбалските фанови до заблуда во одредени моменти, а истото се случува и со еминентни имиња како што е легендарниот Фабио Капело. Трофејниот италијански стручњак не е импресиониран од начинот на кој се развива фудбалот по имплементирањето на ВАР системот, од едноставна причина што според него судискиот круг и систем е до толку затворен, ...

Поранешниот тренер на Милан, Реал Мадрид, Рома, Јувентус и Англија, во разговор со Марка отворено кажа што мисли за денешните стандарди и грешките кои се прават и покрај тоа што судиите на помош ја имаат видео технологијата. „Судиите се мафија“, шокантно порача Фабио Капело. „Тие не сакаат поранешни фудбалери да бидат инволвирани во ВАР, а токму тие најдобро знаат што се случува на теренот“. „Судиите многу пати носат погрешни одлуки само ...