Дали е сега се јасно? Се чини да! Мато Роџерс во јуни оди во Хартс и точка. Никаков Канзас, никаква продажба во САД и во МЛС. Тоа го нема. Ова значи дека Вардар останува без ниту едно евро од трансферот на Мато, онака како што беше објавено вчера. Инаку денеска попладнево дилемите се разрешија, прво по реакцијата на Хартс, а потоа и по објавата на Канзас. “Спортинг Канзас Сити вели дека повеќе не се обидуваат да го потпишат Роџерс Мато ...

Трансфер сагата со Роџерс Мато од редовите на Вардар како полека да го добива конечниот епилог и според најновите информации како победник од целиот „циркус“ изгледа ќе излезе тимот на Хартс. По вчерашната објава на Хартс дека постигнал договор со Мато, денеска од таборот на Вардар стигна информација дека клубот прифатил понуда од Спортинг Канзас Сити од американската МЛС лига. Сепак, целата ситуација доби нов пресврт откако американскиот ...