Фудбалскиот дуел меѓу Бенфика и Реал Мадрид го окупира вниманието на светската спортска јавност, но за ракометните вљубеници и фановите на РК Вардар, секако, многу поважно е гостувањето на Црвено-црните во Лисабон. Со ова стартуваат натпреварите од првото коло од главната рунда во Лигата на Европа, а Вардар ќе ѝ биде гостин на Бенфика со почеток од 18.45 часот. Според квотите, фаворит е Бенфика, иако секогаш постои простор вардарци да ...

Вардар 1961 со пораз ја отвори главната рунда во Европската лига, откако на гостувањето кај Бенфика беше поразен со 40-35 (24-16). Тренерот Иван Чупиќ и неговите момци покажаа низа слабости, кои ќе мораат да ги поправат до следниот меч против Мелсунген на домашен терен. Македонскиот тим во првото полувреме беше конкурентен само во првите десет минути. Одлично го отвори дуелот, поведе со 3-6, па 4-7, но потоа почна да го губи „здивот“. ...