Екипата на Вардар 1961 договори уште едно сериозно засилување за следната сезона и потпиша договор со играч кој влезе во сениорскиот тим на Франција на подготовките за Европското првенство (ЕП) во 2026 година. Како што дознава Gol.mk, се работи за 23-годишниот Матео Фадуил, среден бек кој целата кариера игра во татковината. Играчот ја делеше соблекувалната на Нант со македонската ракометна легенда Кирил Лазаров. Во оваа сезона, Фадуил ...

23-годишниот ракометар, кој беше дел од подготовките на сениорската репрезентација на Франција за ЕП 2026, пристигнува од Трембле каде сезонава постигна 157 гола на 24 натпревари. Фадуил целата кариера ја мина во Франција, играјќи и за Нант, каде ја делеше соблекувалната со Кирил Лазаров, како и за Саран и Кретеј. Иако имаше договор со Трембле до 2027 година, пресудна беше неговата желба да го облече дресот на најтрофејниот македонски клуб, ...