Се ближат претседателските избори во Барселона, а првиот човек на клубоот, Жоан Лапорта, жестоко му возврати на екс-тренерот Чави од кого беше посочен како главен виновник што Лео Меси повеќе не е дел од Барса. Чави целосно застана со поддршка зад ривалот на Лапорта, Хектор Фонт, во неговата претседателска кампања, а последното дадено интервју донесе и низа критики за работата на актуелното раководство. Очекувано, не се чекаше многу за ...
Во светот на фудбалот ретко кога се случува легендите на еден клуб толку јавно и брутално да се пресметаат како што тоа го направија Чави Ернандез и Жоан Лапорта изминативе денови. Она што започна како обично интервју на поранешниот тренер, се претвори во „нуклеарна бомба“ која го откри гнилежот во односите меѓу најважните фигури во поновата историја на Барселона. Во центарот на овој судир не е само минатото, туку и иднината на клубот, со ...
Чави Ернандез дефинитивно има нарушен однос со Жоан Лапорта по последната епизода во Барселона, односно сега тоа е повеќе од видливо ако претходно имаше прашалници на темава. Легендата на каталонците е дел од тимот, подржувач на Ектор Фонт во трката за претседател на Барселона, но и покрај тоа никој не очекуваше дека во овој момент така жестоко ќе го нападне Лапорта. Доста работи Ернандез кажа во интевјуто за „Ла Вангардија“, а една најмногу ...

