Ќе добие ли државата уште време или Охридскиот Регион ќе биде годинава запишан во листата на светски наследства во опасност, како што бараат граѓанските организации, ќе се знае по средбите на претставници на македонската Влада и Општините Охрид и Струга со претставници на УНЕСКО. Како што информираа од Владата, делегација во која се заменик-претседателот и министер за транспорт, Александар Николоски, министрите за надворешни работи, култура и ...
Од Владата утрово соопштија дека дури четворица министри и два градоначалника отпатувале во УНЕСКО во Париз за да спречат да се прогласи Охридскиот Регион за загрозено културно наследство, иако во земјата не прават ништо да го оправдаат ваквиот енормен трошок на сметка на државата. Уште повеќе, со оглед на тоа хотелот „Горица“ се уште се гради, изменетите ДУП-ови со кои беше овозможено дивеењето со дивоградби не се укинати, а ревизорот утврди ...
Владата почнува дијалог со УНЕСКО на највисоко ниво. Четири месеци пред годинешниот извештај на организацијата, министрите Николовски, Муцунски, Љутков и Хоџа, заедно со градоначалниците на Охрид и Струга ги презентираат активностите со кои државата се бори да го зачува статусот на Охридскиот регион како природно и културно наследство. На агендата се средби со генералниот директор и други високи претставници на УНЕСКО. УНЕСКО минатата година ...
Охридскиот Регион не смее да биде жртва на несоодветно планирање и институционална немоќ. Потребни се конкретни, мерливи и веднаш применливи чекори, со вклучување на независната стручна јавност и на граѓанските иницијативи и организации. Природното и културно наследство не смее да биде жртва на краткорочни економски и политички интереси. Заштитата е заедничка обврска и одговорност кон сегашните и идните генерации, доколку навистина сакаме да ...

