Познати судиите кои ќе ја делат правдата на утрешните два натпревари од 21. коло на Првата македонска фудбалска лига. Колото се отвара со два натпревари кои се играат утре. Во првиот Шкупи ќе игра со Башкими, а овој меч „традиционално“ тимот од Чаир ќе го игра на теренот на противникот. Правдата на овој меч ќе ја дели Александар Василевски, а негови помошници ќе бидат Бојан Ивановски и Зоран Саздовски, а четврт судија ќе биде Ндерим Тефику. ...
Струмичани дури имаа и повеќе шанси од гостинот кој важеше за огромен фаворит. Избраниците на Бледи Шкемби одиграа блед натпревар и се закануваа помалку, но поконкретно преку Стефан Јефтовски и Христијан Малески. На спротивната страна се обидуваа Луковски, Антовски, Величковски и Петровиќ во првиот дел, а потоа во продолжението Величковски и Петровиќ имаа двојна шанса. До крајот мрежите останаа недопрени. Фудбалерите на Башкими на рутина го ...

