Во кабинетот на градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, се одржа работна средба со претставници на Фудбалскиот клуб Тиверија, на која беа презентирани плановите и активностите на клубот за претстојниот период. На средбата посебен акцент беше ставен на условите за тренинг, со дискусија околу одржувањето и можностите за подобрување на терените со вештачка трева, како и на унапредувањето на вкупните услови за работа и развој на ...

Со илуминации на општинската зграда, основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Јосип Броз Тито“, црквата „Свети Ѓорѓи“, џамијата „Мустафа Челеби“ и Плоштадот, Општина Струга се приклучи во поддршка на националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“. Општина Струга, како што посочи општинската прес-служба, ја поддржува иницијативата преку осветлување на одредени јавни објекти во боите кои симболизираат солидарност и поддршка за лицата со ...