Русија вчеравечер ги нападна Черкаската Област и Днипро со ударни дронови и со ракети, а во нападите загинаа шест луѓе, меѓу кои и осумгодишно момче кое загинало во градот Черкаси, објави „Украинска правда“. Украинската војска соборила девет беспилотни летала, а началникот на воената администрација на Черкаската Област, Игор Табурец, изјави дека уште девет луѓе се пренесени во болница, меѓу кои и едно дете. На тројца локални жители им била ...

Три лица, меѓу кои и 12-годишно дете, се убиени, а повеќе од 20 се ранети во руските воздушни напади врз Украина, соопштија украинските власти во четврток. Напади врз Киев „Две лица, 12-годишно момче и 35-годишна жена, се убиени во непријателски напад врз главниот град“, напиша градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Телеграм, додавајќи дека десет жители се повредени. Тимур Ткаченко, началник на воената администрација на главниот град, ...