Баерн Минхен и вторпат славеше над Реал Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампионите, овојпат со голем пресврт (4:3), но голот на мечот го имаше Арда Ѓулер во 29-тата минута, кога погоди директно од слободен удар. По мечот Кралевите беа бесни на судиите, но токму овој гол на Турчинот, кој во моментот донесе предност од 1:2 за Реал Мадрид, беше постигнат по погрешна одлука на судијата Славко Винчиќ. Словенецот досуди фаул над Брахим Дијас ...
Младиот фудбалер на Реал Мадрид, Арда Ѓулер, испиша историја и покрај елиминацијата од Баерн Минхен во четвртфиналето од Лига на шампиони. Турскиот репрезентативец постигна два гола во поразот од 4-3 на Алијанц Арена и стана првиот играч во историјата на Реал кој дал два гола надвор од шеснаесетникот во нокаут-фаза од елитното натпреварување. Првиот погодок го постигна по само 35 секунди игра, откако ја искористи грешката на Мануел Нојер и од ...

