Третата тенисерка во светот, Коко Гоф, се пласираше во четвртфиналето на ВТА турнирот во Штутгарт, откако ја надигра Русинката Људмила Самсонова со 2-0, по сетови 7-5 и 6-1. Американката дојде до триумфот над 21. тенисерка на ВТА листата за еден час и 36 минути, а особено беше доминантна во вториот сет, кој го доби со убедливи 6-1. Гоф, која е двократна Грен-Слем шампионка во сингл, во следната фаза ќе се соочи со Каролина Мухова од Чешка. ...
Вардар ќе биде противникот на Охрид во финалето од ракометниот куп на Македонија што ќе се игра в недела во Струмица. Откако Охрид во првиот полуфинален дуел убедливо славеше над Пелистер со 26:19, Вардар немаше многу проблеми да го совлада Алкалоид во вториот полуфинален дуел со 33:28. Само во првите неколку минути Алкалоид даваше отпор на фаворизираниот Вардар кога резултатот беше 5:5. Во продолжение на дуелот Црвено-црните ја преземаа ...

