Ние сме заложник на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат и тоа е она што сакаме да им го објасниме на нашите колеги во Бугарија. Никој нема интерес од ова што се случува во моментот. Губат двете држави економски, политички, губат и граѓаните, народите на двете држави, кога се создава ваков тип на недоверба, истакна денеска во Софија министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој ...
„И најлесниот начин на кој ние можеме да се движиме напред и да ги решаваме нашите меѓусебни прашања е доколку Бугарија ги отвори вратите и дозволи ние да ги почнеме преговорите и да знаеме дека сите предизвици може да се решат, но да бидат принципиелни предизвици. А за прашања, ќе повторам, поврзани со историјата, идентитетот и јазикот, оваа Влада не е подготвена ниту да преговара ниту да разговара за нив“, рече Муцунски. Како што јави ...
Македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, кој учествува на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), во Софија, Бугарија, пред почетокот на истиот, меѓу друго порача дека Македонија има не само цел да стигне до фаза на отворање на пристапните преговори со Европската унија (ЕУ), туку и успешно да ги затвори истите. Но, за да го постигне тоа, како што кажа, важно е Македонија да знае ...

