Сѐ поголем број деветтоодделенци се одлучуваат за упис во стручните училишта, препознавајќи ги можностите за побрзо вработување и практична примена на знаењата. Најголем интерес има за струките кои се барани на пазарот на труд, особено во областа на информатиката, машинството, електротехниката и здравствената дејност. Од училиштата велат дека ваквиот тренд покажува усогласување на образовниот систем со потребите на компаниите и економијата... ...
Денеска е последниот училиштен ден за основците и средношколците и до 31 август ќе бидат на летен распуст. За повеќе од 14.500 матуранти наставата заврши на 15 мај, а утре (11 јуни) оние што се пријавени за државна матура ќе го полагаат задолжителниот екстерен испит – мајчин јазик (македонски, албански, турски или српски), а кандидатите за државна стручна и за државна уметничка матура ќе го полагаат на 12 јуни. Првиот дел изборниот екстерен ...

