Пелистер најави и оствари, успеа да му се реваншира на Кожув. Битолчани на гостински терен славеа против гевгеличани со 85-95 во второто коло од Топ 6 во Супер-лигата. Со новите бодови Пелистер остана на третата позиција на табелата. Стабилната игра на битолчани особено во последната четвртина беше клучна за победата. Иако гевгеличани се обидуваа да приредат драма, сепак гостите не го дозволија тоа, на момент имаат и двоцфрена позитива. ...

Кошаркарите на Пелистер славеа на гостувањето кај Кожув (85-95) во натпреварот од второто плеј-оф коло на Суперлигата на Македонија. Средбата во салата „26 април“ во Гевгелија понуди одлична борба во првиот дел, а потоа пелистерци се наметнаа и заслужено победија. Комплетниот натпревар меѓу Кожув и Пелистер: Стартот му припадна на Кожув кој поведе сигурни и на момент имаше 17-8. Сепак, на тоа Пелистер одговори со серија од 0-9 за ...