Во чест на светите Кирил и Методиј организиравме литературно-ликовен конкурс „Азбуката нѐ повикува – пишуваме во чест на свети Кирил и Методиј“, посветен на писменоста, творештвото и значењето на нивното дело. По тој повод, со особена чест Ве покануваме во петок, на 22 мај 2026 година, во 12.00 часот, во библиотеката „Григор Прличев“, на свечено објавување на резултатите и победниците на конкурсот. На настанот се добредојдени сите учесници ...
Денеска, 24 мај, се одбележува Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј – празник посветен на браќата кои со својата мисија, образование и создавање на првата словенска азбука оставија траен печат врз историјата, културата и духовниот развој на словенските народи. Светите браќа Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се сметаат за едни од најзначајните личности во словенската и христијанската историја. Поради нивната ...
Партиите денеска упатија честитки по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, истакнувајќи го значењето на нивното дело за македонскиот јазик, култура и идентитет. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека делото на светите браќа останува вечен аманет да го чуваме јазикот, традицијата и идентитетот. „Со особена почит и благодарност, денес оддаваме признание на светите браќа Кирил и Методиј, сесловенските просветители и ...
Со длабока почит и благодарност денес положивме свежо цвеќе во чест на Светите браќа Кирил и Методиј, основоположници на словенската писменост, духовност и траен симбол на македонскиот културен идентитет. Тие зад себе не оставија само букви, туку непроценливо духовно и цивилизациско наследство кое и денес претставува темел на нашата култура, образование и национална самобитност. Нивното дело не обврзува да го чуваме знаењето, да ...

