Македонија утрово се разбуди со потпросечни температури за овој период од годината. Најстудено беше на Попова Шапка, каде се измерени -4 степени, а висината на снежната покривка изнесува 41 сантиметар. Под нулата температурите се спуштија и во Берово, Лазарополе, Маврови Анови (-2) и Крива Паланка (-1). Во поголемиот дел од градовите температурите беа ниски, па така во Скопје се измерени 1 степен, во Тетово и Виница 2, додека во Битола и ...

Скопје-Петровец денеска беше најтоплото место во земјава со измерени 19 степени, покажуваат податоците од Управата за хидрометеоролошки работи. Високи дневни температури се измерени и во Охрид со 18 степени, додека во Скопје-Зајчев Рид, Штип и Велес беа измерени 17 степени. Температура од 16 степени е регистрирана во Претор, Битола, Демир Капија, Кавадарци и Струмица, а 15 степени во Тетово и Виница. Пониски температури имаше во Прилеп со 14 ...