Ракометарите на ГРК Охрид ги очекува нов голем европски предизвик, откако обезбедија пласман во осминафиналето од ЕХФ Европскиот Куп, каде за противник го добија силниот чешки претставник Дукла Прага. Охриѓани до оваа фаза стигнаа по успешните настапи и елиминации на Баки од Азербејџан и Слога Добој од Босна и Херцеговина, со што уште еднаш покажаа дека се подготвени за сериозни европски дуели. Првиот осминафинален натпревар е закажан за 14 ...
Македонскиот ракометен суперлигаш Охрид викендов се враќа на меѓународната сцена и против Дукла Прага ќе го одигра првиот натпревар од осминафиналната фаза во ЕХФ Купот. Охридскиот клуб по тој повод организира наградна игра во која ќе додели дваесет билети за фановите кои најбрзо ќе одговорат на поставеното прашање. „Доделуваме 10x2 карти за натпреварот со Дукла Прага во сабота. За да освоите карти, во коментар напишете точен одговор на ...
ГРК Охрид викендов го очекува нов европски предизвик во рамките на ЕХФ Европскиот Куп. Во салата „Билјанини Извори“, охриѓани ќе го пречекаат тимот на Дукла Прага, со јасна цел – продолжување на европската приказна и пласман во следната рунда. Пивотменот на охридскиот состав, Николаос Лиапис, истакнува дека атмосферата во тимот е позитивна и дека подготовките се одвиваат во најдобар ред. Според него, желбата е јасна – уште еден чекор напред ...

