Флавио Коболи го оствари најголемиот успех во кариерата и се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос, резултат кој е најдобар за него на било кој грен слем турнир на кој има заиграно. Италијанскиот тенисер го доби Феликс Оже-Алијасим со пресврт и со 3:1 си закажа пресметка со сонародникот Арналди, но Коболи стана посебен хит во Париз поради изјавата која ја даде на прес-конференцијата. Како човек кој верува во натприродни сили и суеверија, ...

Италијанецот по пресврт го елиминираше Феликс Оже Алијасим со 3-1 во сетови (4-6, 6-4, 6-4, 6-4). Канаѓанецот подобро го отвори мечот и го доби првиот сет, но потоа Коболи целосно ја презеде контролата. Италијанецот заигра сигурно во продолжението и со три последователни освоени сета стигна до најголемиот успех во својата кариера. По повеќе од три часа борба на париската земјена подлога, Коболи за првпат се најде меѓу четворицата најдобри на ...