Екипата на Гевгелија израмни на (1-1) во финалната серија од плеј-офот за пополнување место во Првата женска лига, откако на домашен терен убедливо славеше против Струга 2009 со 75:60. По изедначеното прво полувреме, во кое гостинките од Струга имаа минимална предност од 36:35, натпреварот целосно се сврте во корист на домаќинките во третата четвртина. Токму тој период се покажа како пресуден, бидејќи Гевгелија направи серија од 26:7 и го ...
Женската екипа на ЖКК Гевгелија успеа да избори пласман во Првата кошаркарска лига откако попладнево во мајсторката од финалето во Втората лига ја совладаа екипата на ЖКК Струга со 68:44 (34:13). Гевгеличанки во финалната серија остварија триумф од 2-1 во победи. Првиот дуел одигран во Струга го доби истоимената екипа со 72:70, а на реваншот во Гевгелија во средата беше 75:60 за Гевгелија. Екипата на ЖКК Гевгелија оваа година за првпат ...

