Пелистер благодарение на добриот финиш на сезоната успеа да се избори за бараж кој му овозможи да се бори за својот прволигашки статус, но кога дојде моментот на вистината, битолчани потклекнаа попладнево во Кавадарци. Иако влегоа како фаворити во дуелот со Шкендија Арачиново, „зелено-белите“ му овозможија на малиот тим од Скопје да направи сензационален резултат, и тоа преку драма во пенал рулетот. Пелистер се избори за реми со гол во 98-та ...

Исходот од дуелот што се играше во Кавадарци ја разочара цела Битола, навивачите се бесни, а очигледно целата управа и стручниот штаб ќе ја преземе одговорноста за она што се случи вчера. Најавена е оставка од сите инволвирани во клубот кој сезонава имаше огромна финансиска поддршка од Општината и се очекуваше не само да избори опстанок, туку да биде најмалку на средина од табелата. „ФК Пелистер ја известува јавноста дека, по денешниот пораз ...