Собранието на денешната 98. седница усвои повеќе законски решенија по скратена постапка, меѓу кои и измените на законите за минерални суровини, за концесии и јавно‑приватно партнерство, за јавните претпријатија, како и за внатрешната пловидба. Расправата за измените на Законот за пратениците, со кои се предвидува услов кандидатите да имаат исклучиво македонско државјанство, беше одложена откако седницата беше прекината. Пратениците го донесоа ...

Пратениците го донесоа Предлог‑законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, кој предвидува јавните претпријатија да можат да добијат концесии за детални геолошки истражувања на минерални суровини од јавен интерес, со претходна согласност од Владата, како и да поднесат барање за дозвола за експлоатација. Законот предизвика расправа и реакции во пленарната сала. Пратеничката Јованка Тренчевска од СДСМ оцени дека ...