Женската кадетска репрезентација го имаше најтешкиот испит на Светското ракометно првенство во училишен ракомет, нешто што беше и за очекување со оглед на тоа што стануваше збор за четвртфинале. Воведната четвртфинална фаза во нокаут рундата донесе интересен натпревар во салата „Македонски херои“, а после 50 минути игра, подобри беа избраничките на Даниела Новеска. Бразилската селекција се покажа во одлично светло и досега најсериозно ја ...
Откако женската кадетска репрезентација на Македонија славеше над Турција за финале на Светското ракометно првенство за средни училишта, тоа им појде од рака и на нивните колеги од машката селекција, кои ја декласираа Србија и ќе играат меч за злато. Македонските ракометари беа убедливи и победија со 30-19 во полуфиналето против Србија, па утре ќе играат во финалето од училишниот Мундијал во Скопје. Македонија доминираше во текот на целиот ...

