Фондацијата Метаморфозис, вчера промовираше две анализи на изборниот процес во рамки на конференцијата насловена како „Заштита на демократијата и изборниот интегритет – следење на злоупотребата на административните ресурси, политичкото рекламирање и кампањите од трети страни“ во организација на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Анализите се однесуваа на злоупотребата на административните ресурси на социјалните мрежи и ...
За време на ланските локални избори, најголем дел од промотивните содржини не се идентификувани кај страниците на општините, туку кај фејсбук-страницата на премиерот Христијан Мицкоски и на поранешниот вицепремиер Изет Меџити. Регистрирани се вкупно 201 објава од премирот, сите со промотивна содржина за кандидатите на неговата политичка партија, слично како и кај вицепремиерот, кај кого се детектирани 173 објави од кои речиси сите се ...

