Фудбалерите на Реал Мадрид ги освоија планираните бодови во дуелот со аутсајдерот Овиедо (2:0) и на тој начин стигнаа до дваесет и петтата победа сезонава во Ла Лига. Гарсија го отвори резултатот пред крајот на полувремето, а резервистот Белингам во 80. минута ги постави конечните 2:0. Реал не може да напредува ни назадува од актуелната втора позиција и барем за момент намали дел од предноста на старо-новиот шампион Барселона. Каталонците ...
Во последниот натпревар од 36 коло во Ла Лига, фудбалерите на Реал Мадрид денеска го победија Овиедо со 2:0 на домашен терен. Мечот беше обележан со свирежи за играчите на Реал, Килијан Мбапе и Аурелиан Чуамени при секој допир на топката, додека Џуд Белингам беше пречекан со аплауз. Домашниот тим ја постигна победата можеби потешко од очекуваното против тим кој веќе испадна од Ла Лига. Публиката чекаше до 44 минута за првиот гол, стрелец ...

