Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија вчера го назначи Гоце Седлоски за нов селектор на фудбалската репрезентација, а денес е официјалната презентација. „Прво благодарност за Милевски за сето тоа што го сработи во репрезентацијата. Дојдовме до заклучок дека е потребно нешто ново во обидот да се пласираме на Светско првенство. Затоа го доведовме Седлоски за нов селектор.“ – рече претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ. ...

Директорот на националните селекции Горан Пандев, смета дека Гоце Седлоски е вистинскиот избор да го наследи Боби Милевски на кормилото на репрезентацијата. Пандев му се заблагодари на Милевски за досегашниот придонес, и сега очекува со Седлоски репрезентацијата да има подобри резултати. „Најпрво сакам да му го честитам на Гоце Седлоски именувањето на нов селектор и да му се заблагодаам на Боби Милевски за се што направи за македонскиот ...

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, јавно реагираше на изјавите на поранешниот селектор Игор Ангеловски, кој остро ја критикуваше федерацијата по изборот на нов селектор на сениорската репрезентација. „Недолична реакција на ден на промоција“ Омерагиќ истакна дека денот на промоцијата на новиот селектор требало да биде обележан со поддршка и обединување, а не со јавни напади. Според него, човечки и спортски ...