Како што расте кризата на Блискиот исток од воениот конфликт меѓу САД и Израел од една страна и Иран од друга, така расте и загриженоста на македонските граѓани кои овие денови се во земјите на заливот. Ова дотолку повеќе што некои од земјите од нашето опкружување, како Србија у Бугарија веќе најавија планови за евакуација на граѓаните на нивните земји кои како вработени или како туристи се во замјите на заливот. Нема прецизна и официјално ...

Лондон – Британската министерка за надворешни работи, Ивет Купер, денес изјави дека нејзиниот тим ги разгледува сите опции за да им помогне на стотици илјади британски граѓани да ги напуштат земјите од Персискиот Залив кои моментално се под напад од Иран, вклучително и евакуации. Се проценува дека околу 300.000 британски граѓани живеат во земјите од Персискиот Залив, а од почетокот на конфликтот, 102.000 Британци го пријавиле своето присуство ...

Процесот на евакуација на српските граѓани од Израел е во тек, соопшти вечерва српската амбасада во Тел Авив. Евакуацијата ја спроведуваат Амбасадата и Министерството за надворешни работи во соработка со надлежните органи на Република Србија. Граѓаните на Република Србија ќе бидат транспортирани во Арапската Република Египет, од каде што ќе бидат вратени со авион обезбеден од Владата на Република Србија, со лет од Египет до Белград“, се вели ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека Србија е подготвена да учествува во евакуацијата на своите граѓани од Дубаи и дека понудила да ѝ помогне на Босна и Херцеговина со своите авиони. Обраќајќи се на новинарите од Националниот диспечерски центар на Српската електроенергетска компанија, Вучиќ рече дека оваа активност ќе зависи од текот на конфликтот на Блискиот Исток. „Многу луѓе сакаат да се вратат од Дубаи, ние ќе го ...