Утрово на првиот ден од Новата година на врвот Антена на Пелистер, се случи романтично запросување на студено време и на надморска височина од 2.601 метар. Двајцата млади беа дел од тимот искусните планинари од планинарско-спортскиот клуб „Олимпус Монс“ кои ја ја реализираа манифестацијата „Први на први“, искачување со цел да се доживее првото изгрејсонце во новата година. Ова воедно се смета за првиот спортски настан годинава во државата и ...

При исклучително реткиот настан за пречек на првото изгрејсонце од Новата 2026 година на врвот „Антена“ на Пелистер, на надморска височина од 2601 метар и температура од -28 степени Целзиусови, рано утринава се случи несекојдневно запросување. Искусниот планинар Дарио Петровски ја побара за жена својата понежна половина Мишела Панајотова, која исто така е пасионирана вљубеничка во планината. Инаку, овие двајца млади луѓе живеат и работат во ...