Охрид конечно ќе ја добие првата и долго најавувана катна гаража вредна 1,73 милиони евра но за две ипол години отсега, бидејќи според проектот крајниот рок за довршување е за 30 месеци. Според техничката спецификација, станува збор за објект наменет за паркирање автомобили, лесни доставни возила и велосипеди, со армирано-бетонска конструкција, рамен кров и катна висина од околу три метри кој ќе се гради во состав на Градскиот пазар. ...
Охрид, 23. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Деновиве започнаа подготвителните работи за изградба на катната гаража до Градскиот пазар во центарот на Охрид. Просторот се оградува и се прават сите потребни подготовки за почеток на главниот дел од работата. Општина Охрид претходно склучи договор, по втора изменета објава, за изградба на катна гаража вредна 1,73 милиони евра со компанијата „Топлина“ од селото Подмоље. Катната гаража ќе се гради на ...

