Далас Маверикси лесно се откажуваат од човекот за кој го пуштија Лука Дончиќ. Ентони Дејвис е пред заминување од Тексас, бидејќи ќе биде дел од групен трејд на Далас и Вашингтон Визардс. Со Дејвис кон главниот град на САД ќе се упатат Дианџело Расел, Данте Егзум и Џејден Харди. Од друга страна, во спротивен правец одат Крис Мидлтон, Марвин Бегли, Малакај Бренам, Еј-Џеј Џонсон. Далас ќе добие и два пика од првата рунда и три од втората за ...
Вашингтон и Далас комплетираа бомбастичен трејд од кој дел беа дури осум играчи, а главна и ударна вест дефинитивно беше преминот на Ентони Дејвис кај „волшебниците“. Големата НБА ѕвезда која пред само една година беше дел од трејдот на Лука Дончиќ и се пресели во Далас, сега премина во редовите на Вашингтон, но реалноста е дека нема да игра за овој тим до крајот на сезоната. НБА инсајдерот Крис Хејнс открива дека лекарските служби на ...

