Во второто коло од Yellow Cup, традиционалниот турнир што се одржува во Швајцарија, репрезентацијата на Македонија се сретна со тимот на Украина. По првото коло во кое Македонија го совлада Бахреин, а Украина со 11 гола разлика беше поразена од Швајцарија, се наметна очекување дека Македонија лесно би требало да излезе на крај со украинскиот тим. Македонија го оствари очекуваото. Запиша втора победа на турнирот, но не беше лесно, далеку од ...

По успешното „загревање“ и победата над Бахреин, македонската ракометна репрезентација денеска (петок) го продолжува настапот на „Жолтиот куп“ во Швајцарија. Вториот предизвик за избраниците на Кирил Лазаров е европската селекција на Украина. Натпреварот започнува во 17:45 часот, а ова ќе биде одлична прилика да се види формата на нашите момци против ривал кој негува поцврст ракомет, сличен на она што нè чека на Европското првенство. ...