Фудбалерите на Охрид испишаа историја во Купот на Македонија, откако обезбедија пласман во полуфиналето совладувајќи го актуелниот бранител Вардар по изведување на пенали, со што закажаа двомеч против прволигашот Силекс. Сепак, пред охриѓани се појави неочекуван проблем. Тимот нема да може да го одигра домашниот натпревар на стадионот „Билјанини Извори“ поради условите поврзани со ВАР-технологијата, па ќе мора да бара алтернативен терен, ...

В среда фудбалерите на Охрид го играат историското полуфинале во Купот на Македонија против Силекс на стадионот „Билјанини Извори“. „Рибарите“ кои во четвртфиналето преку пенал рулетот го исфрлија ланскиот освојувач на Купот, Вардар, сега одат по нова историја, влез во големото финале. Добра вест е што Охрид успеа да ги исполни сите услови и полуфиналниот натпревар да го игра на домашен терен односно на стадионот „Билјанини Извори“. Клубот ...

Иако имаше најави дека првиот дуел од полуфиналниот двомеч меѓу Охрид и Силекс, ќе се игра во Струга, сепак најновите информации, според сајтот на ФФМ и според социјалните мрежи на охриѓани, се дека дуелот во среда се игра од 12 часот и тоа на “Билјанини Извори“ во Охрид. Значи Охрид ќе игра на својот стадион. Познато е дека реваншот се игра во Кратово на 6 мај. Првиот дуел од вториот полуфинален двомеч меѓу двете Шкендии, тетовската и таа ...