Ракометарите на Охрид забележаа вредна победа на гости над Алкалоид 26:27 и направија значаен чекор кон 2 место на табелата што води директно во Европската лига. Избраниците на Борис Ројевиќ два дена по триумфот над Целје и пласманот во ЕХФ Европскиот куп и пласманот во финале, и холемото емотивно празнење, втор пат сезонава го совладаа Алкалоид на гости. Охрид на мечот настапи без креатотот на играта и еден од најважните играчи сезонава ...

Ракометарите на ГРК Охрид триумфираа вечерва на гостински терен над Алкалоид со 27-26 во рамки на 29. коло и се искачија на второто место на табелата македонската Супер лига. Гостите од Охрид од самиот почеток беше во водство кое на полувреме изнесуваше 17-12, но ракометарите на Алкалоид успеаја да дојдат до гол негатива во самиот финиш, но немаа сили да го избегнат седмиот пораз оваа сезона по кој останаа на четвртото место на табелата. ...

Ракометарите на Охрид конечно го пронајдоа рецептот за Алкалоид оваа сезона, славејќи во дербито во Автокоманда со 27-26. Со оваа победа, охриѓани направија значаен исчекор на табелата во Суперлигата, искачувајќи се на второто место пред Пелистер. Домаќинот подобро го отвори натпреварот и во воведните минути имаше контрола на резултатот, создавајќи предност од три гола (7-4), која ја одржуваше до 9-7. Потоа следуваше пресврт, гостите ја ...