Денеска на оваа тема се јави и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ. „Човечки, културно и спортски е да се посака среќа и успех. Кога бирате селектор имате десет кандидати и на крајот избирате еден тренер. Ангеловски некои свои лични амбиции ги стави пред репрезентацијата. Би сакал да каже кои се моите интереси затоа што работам без надомест. Некоректно беше вака да се реагира, можеше барем да почека. ...

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, повторно се огласи по повод „преписката“ со поранешниот селектор Игор Ангеловски. Омерагиќ во своето излагање пред новинарите беше дециден дека очекувал поддршка за новиот селектор Гоце Седлоски, па дури и од оние што биле во „игра“ за оваа функција, но не ја добиле. „Јас во ФФМ работам про боно и немам никакви лични придобивки, за разлика од Ангеловски. Коректно ќе беше ...