Легендарниот марокански фудбалер Мустафа Хаџи, кој играше и за шпански клубови како Депортиво Ла Коруња (1997-1999) и Еспањол (2004), изјави дека е штета што Ламин Јамал не избра да игра за селекцијата на Мароко. „Иако Ламин игра за Шпанија, наклонетоста што ќе ја добие од Шпанците никогаш нема да биде иста како онаа што би ја добил од Мароканците“, смета 54-годишниот Хаџи. „Би сакал тој да играше за Мароко. Јамал секогаш ќе биде Мароканец, ...
Ламин Јамал е еден од играчите кој треба да одбележи една ера во светот на фудбалот, играч кој уште како тинејџер почна да „плива во длабоките“ води и тоа успешно како на клупски така и на репрезентативен план. Тој денеска е еден од најважните играчи на Барселона и Шпанија, а има само само 18 години што доволно покажува што досега направи и каков потенцијал поседува, односно во каков фудбалер може да се развие. Јамал целиот свој досегашен ...

