Во месец март имало поголем бној на сообраќајни прекршоци, во споредба со февруари. -Бројот на регистрирани прекршоци е зголемен – во март се евидентирани 26.241, во споредба со 19.066 во февруари. Најголемиот дел се за пречекорување на брзината, вкупно 25.230, потоа 941 за истечена сообраќајна дозвола, додека прекршоците за поминување на црвено светло се намалени на 70, пренесува репортерката на ТВ21, Фазиле Халили. Во споредба со ...

Помалку прекршоци, поголема безбедност и значително помал број поплаки. Системот „Сејф Сити“ веќе дава резултати и ги менува навиките на возачите. Драстично опаѓа бројот на граѓани и фирми кои поднесуваат приговори за сообраќајни прекршоци.Според Основниот кривичен суд Скопје, во март биле поднесени само 65 приговори. “Претходниот месец до судот се поднесени вкупно 65 приговори, од кои 22 од правни лица и 43 од физички лица, за разлика од 476 ...

Побезбедно во сообраќајот, но движењето од еден до друг крај на Скопје сега е поспоро бидејќи правилата и ограничувањето од 50 километри на час мора да се почитуваат. По вториот месец на активна примена на Безбеден град, граѓаните ги гледаат позитивните промени во скопскиот сообраќај, но имаат и предлози како да се намали гужвата. „Јас би направила како што беше порано. Парни броеви во еден ден, а непарни во друг ден бидејќи се создава многу ...